Силјановска-Давкова: Шекеринска беше олицетворение на НАТО, а сега ја нема

Професорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на денешната расправа за избор на нова влада рече дека новопредложениот владин кабинет во стартот нема легитимитет, кој извира од граѓаните и се потврдува и губи на избори.

Министрите кои беа носители на кандидатски листи, сега ги нема, забележува Силјановска, која вели дека иако и во новата програма беше споменувано НАТО, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која е персонификација на Алијансата, денеска ја нема. Не знаеме дали тоа е од лични причини или затоа што беше разрешена, рече Силјановска пред пратениците.

Прво, не може оваа влада да го наследи легитимитетот од претходна влада, таа не може да ги делегира бидејќи премиерот си замина од лична одговорност, а не поради друга функција. Второ, кога се конститураше власта во неа беше Беса неа ја нема сега во Владата или значи гласачите сега не се гласачи на оваа коалиција и легитимитетот е нагризен, ја има Алтернатива за која не знаеме што мислат граѓаните за нејзино трансформирање во власт”, рече Силјановска.

Според неа, ова не е влада на СДСМ, туку на „ЗДСМ“, односно влада на Зоран Заев.

На мандатарот за состав на новата влада, Димитар Ковачевски, таа му порача дека неговиот легитимитет е неразделно врзан со премиерот во оставка, Зоран Заев кој лично го промовирал.

Силјановска-Давова смета дека ако Никола Димитров не е во новата влада бидејќи не сме добиле датум за преговори, тогаш според неа дел од владата не треба да биде ниту министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но и првиот вицепремиер Артан Груби, за кого рече дека „стоел зад речиси сите одлуки на Заев“.

Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева во контрареплика возврати дека оваа влада легитимитетот го добила на изборите во јули 2020 година.

– Легитимитетот го проширивме и извира од програмата и да направиме разлика меѓу локални и парламентарни избори, рече Калевска- Ванчева.

Back to top button
Close