Силјановска: Ќе се опкружам со жени, но не за да покажам дека сум радикална феминистка
Ќе сторам се, бидејќи претседателите имаат таква функција, беа оглед на етничка, расна верска или било каква припадност да работам на единството на нацијата и на државата. Инаку, сум непотребна. Ова денеска од Битола го рече претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
„Јас ќе ја вратам канцеларијата на претседателот во Битола. И нема да ја оставам празна, туку ќе доаѓам тука. Ќе отвоорам и други канцеларии низ Македонија. Нема да се одметнам во планината, туку ќе слезам во долината“ рече таа.
Силјановска-Давкова рече дека ќе направи се за да го спречи егзодусот на младите стручни кадри, по можност, според неа, истите да се вратат во Македонија.
Тие што тврдат дека ние сме изолирани, а тие се внатре во Европската Унија, како што рече таа, нека покажат кој ги поддржува на овие избори.
„Кој е изолиран. Дали оној што не може ни на забава да влезе онаму каде неговите партии слават или оној кој рамноправно на бината зборува за европската иднина и за европската демократија на Македонија“,рече таа.
Не се чувствува пријатно која треба за себе да зборува.
„Женските права се човечки права. Демократија се мери по улогата на жените и на највисоките политички функции. Признавам ќе се опкружам со жени, не за да покажам дека сум радикална феминистка, туку за да им укажам на мажите дека се откажуваат од многу ум, знаење, креација и посветеност, кога велат дека не се влегува во политика со квоти. Значи, ако има жена претседателка ќе се идентификуваат со неа и ќе бидат не само успешни на работа, дома, туку и во политиката, оти политиката е од женски род“,вели кандидатката за претседателка.
Силјановска-Давкова ги критикуваше состојбите во правосудството и рече дека како претседател ќе ги предлага најдобрите експерти во македонското судство.
„За да не направат судиите горди треба да бидат поинакви. Претседателката мора во Судскиот совет и во Уставниот суд да ги предлага најврвните правници. Тогаш некој ќе рече дека се грижи за националните и државните принци и за владеење на правото“,рече таа.