Силјановска: На почетокот на мандатот ќе ги зголемиме платите за 50 проценти на лекарите и на медицинскиот персонал

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Првата изборна единица Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со повеќе здравствени работници и друг персонал. Вети зголемување на платите за педесет проценти на лекарите и другиот медицински персонал.

– Искрено им завидувам. Посакувам државата да се однесува кон нив како тие кон нас. Тоа се моите хероини и херои. Мислам дека она што е вградено во Обновата во сферата на здравството во голем дел е нивен предлог. Посакував да се оствари идејата за клинички центар. Сигурно ќе беше веќе готов. Наместо да се дислоцира, во наводници, не знаеме каде, далеку од градот, иако секаде клиничките центри се во најстрогиот центар за да им бидат достапни на сите. Мислам дека целосно во ред е одредбата од обновата. На почетокот на мандатот да се зголемат платите за 50 проценти на лекарите и на медицинскиот персонал. Тоа е не само заслуга за надчовечките напори што ги направија туку тоа е и логичен чекор за да се сочуваат оние кој што се најкомпетитивни да не одат надвор, потенцираше Силјановска.

Според неа, идејата за дежурни матични лекари, како и идејата за формирање на болница за дневен престој е час поскоро нужно решение што треба да се реализира.

-Проблемите со специјализантите веднаш треба да се решат додека се овде со нас и додека не заминале по светот. И да бидам искрена јас како некој што сакал да студира медицина, но во последен момент направил погрешен чекор денеска имав задоволство да се дружам со инзворедно умни, хумани, посветени луѓе кои ја заслужуваат мојата доверба и мојот респект. Знам дека сме во сигурни раце. Се надевам дека една друга власт ќе го препознае тоа и соодветно ќе го награди нивниот труд и ќе го стимулира нивниот понатамошен ангажман за здравјето на популацијата но и за здравјето на самата држава, истакна Силјановска Давкова.

Back to top button
Close