Силекс ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите

 Македонскиот фудбалски клуб Силекс ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите уште во првото коло, откако доживеа пораз од 4-0 (2-0) на гостувањето кај Карабак во Баку, Азербејџан.

Стрелци за домаќините беа Ромеро (11), Гуерер (40 и 51) и Емрели (80).

По поразот, Силекс ќе игра во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Карабах во второто квалификациско коло ќе игра против подобриот од Шериф Тираспол и Фола Еш од Луксембург.

Back to top button
Close