Силен земјотрес ја погоди централна Турција додека Зеленски беше во Анкара
Денеска во 14:46 часот по локално време силен земјотрес ја погоди Турција.
Според податоците објавени на веб-страницата ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција, со епицентар во близина на Кулу.
Како што коментираат корисниците на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Анкара, на речиси 100 километри од епицентарот. Во тој период во главниот град на Турција престојуваше украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Тресењето беше силно, траеше околу 30 секунди“, „Беше многу лошо“; „Се тресеа чиниите“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.