Силен земјотрес го погоди Тајван

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во тајванскиот округ Тајтунг.

Епицентарот на земјотресот бил на 11,9 километри длабочина. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Тајван се наоѓа на границата на две тектонски плочи и земјотресите се чести на островот.

Во земјотресот во 2016 година што го погоди јужен Тајван загинаа над 100 луѓе, а во 1999 година земјотресот со интензитет од 7,3 степени одзеде повеќе од 2.000 животи

Back to top button
Close