Силен земјотрес на индонезискиот остров Јава, најмалку шест жртви

Најмалку шест лица загинаа во земјотресот со интензитет од шест степени според Рихтерова скала, кој денеска го погоди брегот на индонезискиот остров Јава, соопшти локалната агенција за катастрофи.

– Засега се потврдени шестмина загинати и еден сериозно повреден, изјави портпаролот на Националната агенција за помош при катастрофи, Радитија Џати.

Џати истакна дека неколку населени места во источниот дел на Јава биле евакуирани поради потресот.

Back to top button
Close