Силен земјотрес вечерва во Романија
Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала се случи вечерва во Романија, јавува „EMSC“, Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од околу 124 километри.
Засега нема извештаи за повредени.
Исто така, не се знае дали е причинета материјална штета