Силен земјотрес во Грција утрово

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во 06:46 часот во Грција.
Епицентарот на земјотресот бил 17 километри северно од градот Ливадија и 95 километри западно од Перистери, на длабочина од шест километри, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.
Извор: fokus.mk






