Силна експлозија на гас урна зграда во Белгија – се трага по осум лица

Најмалку осум луѓе се исчезнати по силна експлозија на гас, што се случи во четирикатна станбена зграда во Турнхут, во белгиската провинција Антверпен, во близина на границата со Холандија.

Претходнo имаше информации дека меѓу исчезнатите се и четири деца, но потоа беа повлечени како неточни.

Спасувачите извлекоа едно лице живо од урнатините, но не се знае дали има жртви во експлозијата. На лице место има бројни екипи кои се обидуваат да ги расчистат урнатините.

Надлежните велат дека во урнатиот дел од зградата живееле десетина лица, а досега едно лице е префрлено во болница.

Жителите од овој крај велат дека експлозијата била страшна, а после тоа слушнале пукање и звук на уривање.

 

Back to top button
Close