Силниот земјотрес во Хрватска ја помести камбанаријата на островот Паг
Земјотресот од 4,8 степени според Рихтеровата скала што вчеравечер ја погоди централна Далмација предизвика мали оштетувања на верски објекти.
Засега е познато оштетувањето на камбанаријата на хрватскиот остров Паг. Според извештаите на надлежните служби, камбанаријата се поместила од потресот што го погоди регионот на Далмација во 18:43 часот вчера.
Поради опасност од паѓање на делови од камбанаријата, просторот е ограден за да се спречи пристапот до објектот. Денеска се очекува детален увид на камбанаријата. Еден ден претходно, на островот Паг беше регистриран земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните информации на Управата за цивилна заштита, не се пријавени повредени лица или значителна материјална штета по вчерашниот потрес во Хрватска