Силните аргументи на Ахмети

Не е познато дали и на последната средба Али Ахмети ги доби  силните аргументи што ги побара од својот коалициски партнер  Зоран Заев зошто тој треба да биде премиер, а не  кандидадот на ДУИ, Насер Зибери. Јавноста во Македонија не ги слушна  силните аргументи на Ахмети и зошто не може да биде премиер победникот на изборите или кој било од парламентарните партии кој ќе обезбеди мнозинство во Собранието.

Ахмети, се разбира и без да го праша Заев добро го знае одговорот, како и сите граѓани на Македонија, дека кандидат за  премиер може да биде Македонец, Албанец,  Србин, Турчин, Влав, Бошњак, Ром, Египќанин, Евреин… или кој било граѓанин од која било национална и верска припадност. Да, може да биде кандидат. Поточно, според Уставот секој кандидат може да биде и премиер, ако неговата партија победи на изборите, или попрецизно кажано, ако обезбеди 61 глас во Собранието. Доколку пак мисли дека и без мнозинството во парламентот може  да се обезбеди премиерски ротирачки, или целосен мандат само со притисоци и условувања во стилот двајца се караат третиот користи со тоа ги повикува сеништата на шовинизмот и радикалниот национализам од минатото. Ахмети со цврстиот став и нереални условувања го става на голем  ризик сето она што е постигнато во изминатите 30 години во Македонија во меѓуетничките односи, доведувајќи ги во прашање и неговите лични заслуги и на ДУИ.

Али Ахмети се потпира на изборни математики тргнувајќи од последните изборни резултати, неводејќи притоа сметка за последиците. Во блиска иднина неговите максималистички барања, кои не соодветсвуваат на реалните односи на силите на етнички план на кои сега инсистира, лесно можат да бидат сериозен аргумент за една сосема поинаква коалиција на граѓаните по национална основа пред избирачките кутии.

Kолумната на Ерос Ризаов во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close