Силно невреме ја погоди Струмица, дрво оштети автомобил
Невреме проследено со град и дожд вечерва ја зафати Струмица. Поплавени улици, паднати дрвја, а дел од градот е без електрична енергија. Јавното претпријатие „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица на Струмица ги санираат штетите.
–Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20 часот на ул.Ванчо Китанов, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и двајца пожарникари-спасители интервенираше на отстранување на паднато дрво врз автомобил. За кратко време дрвото е отстрането од улицата, објави на Фејсбук Пожарникари Струмица