Симбине истрча 100 метри за 9.86 секунди
Јужноафриканскиот спринтер Акани Симбине постави најбрзо време оваа сезона во трката на 100 метри на атлетското натпреварување во Атланта.
Триесетиедногодишниот Јужноафриканец ја истрча патеката за време од 9,86 секунди, подобрувајќи го своето најдобро време годинава од априлскиот митинг во Боцвана за четири стотинки од секундата.
На митингот во Атланта се очекуваше да настапи и атлетската ѕвезда Ноа Лајлс. Минатогодишниот олимписки шампион од Париз на 100 метри планираше да се натпреварува на 150 метри, но се откажа од ова натпреварување поради повреда.
Лајлс (27) се надева дека ќе закрепне на време за Првенството на САД, кое ќе се одржи од 31 јули и 3 август. Ова натпреварување ќе биде и избор на американски спортисти кои ќе се натпреваруваат на Светското првенство оваа година од 13 до 21 септември во Токио.