Симеон Саксобурготски: Пукањето во бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ беше изолиран чин на примитивност

Пукањето во бугарскиот клуб во Скопје е изолиран чин на примитивност и тоа не одговара на општото чувство на наклонетост меѓу луѓето од двете земји, реагира поранешниот премиер на Бугарија, Симеон Саксобурготски, пренесува БНТ.

Пред неколку дена беше пукано врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што беше утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.

Според Саксобурготски, ваквиот вид на дејствување првенствено ѝ штети на Северна Македонија.

 

„Ваквите дејствија ѝ штетат пред се на самата Северна Македонија и нејзината намера да биде дел од големото европско семејство. Напаѓачите на клубот прво нека прочитаат историски книги, но од меѓународни историчари, и нека се запознаат со улогата на цар Борис Трети во балканската и светската историја“напиша Саксобурготски.

Последниот напад врз клубот „Цар борис Трети“ во Охрид беше причина бугарското МНР да ја повика македонската амбасадорка Агнеза Руси-Поповска на вонреден состанок на кој и беше врачена протестна нота.

Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев на средбата со амбасадорката Руси-Поповска изјавил дека Бугарија очекува надлежните органи во Северна Македонија веднаш да ги преземат сите неопходни активности за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на кривичното дело. Тој исто така посочил дека Агнеза Поповска го уверила дека надлежните институции во Северна Македонија ќе го истражат случајот со цел да се откријат сторителите.

По нападот на „Цар Борис Трети“, премиерот повторно повика граѓаните да се однесуваат според европските манири. Тој најави дека министерствата за култура на двете држави се во комуникација и многу скоро ќе има министерски состанок со цел да се воспостави комуникација преку официјални културно-информативни центри.

Back to top button
Close