Симеска Димоска: Одлуката за моето разрешување е кадровска политика на владата


Владата на денешната седница донесе одлука да ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска и го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор. Владата во соопштението не ја наведе причината за разрешувањето на Симеска Димоска.

„360 степени“ побара одговор од Симеска Димоска, дали знае која е причината за нејзината смена од директорската позиција. Таа само кратко ни одговори:

Анета Симеска Димосска беше именувана за в.д. директор на ДПИ во мај 2021 година на местото на Стојко Пауновски кој беше разрешен од Владата на 27 април 2021 година, поради, како што соопшти тогаш Владата, непрофесионално однесување.

Back to top button
Close