Симовски го прогласи пописот за успешен: Вкупно попишани 1.832.696 луѓе

Директорот на Државниот завод за статистика го прогласи Пописот на населението за успешен. Според податоците кои тој ги објави, попишани се вкупно 1.832.696 луѓе.

Рече дека попишани се вкупно 91 отсто од објектите, но појасни дека и останатите 9 проценти ќе бидат опфатени во оваа статистичка операција согласно податоците кои ги има во други дата бази.

Во дијаспората најмногу се попишале македонски државјни од западноевропските држави. Вкупно попишани се 204.805 македонски државјани во дијаспората.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close