Симовски во Дебар : Пописот се спроведува без проблеми како дома така и во дијаспората

Пописот на населението, домакинствата и становите се спроведува без проблоеми и до синоика се пошпишани 8о8 илјади . Во пописниот реон 24 што ги опфака општините Дебар и Центар Жупа пописот исто така се одвива во најдобар начин и нема служаи да некој истиот го бојкотира .

Оваа денеска во Дебар за време на посетата на реонската пописна комисија го изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски  кој додаде дека сега веке пети ден нема ниту проблеми со системот .  Со медиумите имаме  добра соработка и преку нив пренесуваме информации и објаснувања за процесот на пописот. ,, Пописот е во интерес на секој наш граѓанин и е во интерес на државата , затоа не треба никој да биде против,, рече Симовски и додаде дека се очекува тој да заврши навреме .

Пописот продолжува и во дијаспората  и тоа без проблеми додаде Симовски . Симовски потенцираше дека пописот се одвива  во најдобар ред и во општина Маврово Ростуше. На средбата со комисијата во Ростуше и со локалите власти е оценето дека населението во сите селски населби се регистрира .

Во општините Дебар и Центар Жупа  до денес се попишани над 8 илјади жители односно околу 5о насто од населението изјави претседателот на реонската пописна комисија за Дебвар и Центар Жупа Решат Кормемети . Тој додаде дека пошпишувачите се очекува предвремено да ја реализираат својата задача.

При посетата на Дебар Симовски имаше и средба со градоначалникот  Хекуран Дука при што е искажано задоволство од придонесот што го дава општината Дебар во пописот но и обезбедените услови на комисијата .

К.М.

Back to top button
Close