Синдикалец си ги плаќал судските трошоци со пари од работниците


Синдикалец од битолска фирма ќе одговара за злоупотреба на службената положба, откако е откриено дека судските трошоци што ги имал во приватен спор ги плаќал со пари од сметката на синдикалната организација каде бил претседател.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (60) од с.Гнеотино, битолско, поради постоење основано сомнение за сторено кривични дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во текот на 2021 и 2022 година, во својство на претседател на синдикална организација при фирма од Битола, во три наврати извршил плаќања од службената сметка на синдикатот за лични потреби, односно за судски спор кој тој лично го водел со фирма од Скопје“, информираа од МВР.

Back to top button
Close