(Видео) Синдикалната кошница во февруари „скокна“ за 969 денари, за два месеци го „изеде“ усогласувањето на минималецот

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка.

Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денара и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемува на 82.757 денари.

 

Зголемување од речиси илјада денари има и во делот на храната, односно ако за јануари биле потребни минимум 24.211 денари, во февруари за оваа намена биле потребни 25.156 денари.

 

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку објава на Фејсбук вели дека само за два месеци, односно од почетокот на годинава, порастот на синдикалната кошница го „изел“ најавенот усогласување на минималната плата за околу 1.500 денари.

„За два месеци, од почетокот на годината веќе го изеде најавеното усогласување на минималната плата кое функционерите сакаат да им го дадат на работниците за 1.500 денари, односно секое семејство на работниците е посиромашно за 2 илјади денари за само два месеца“, вели Трендафилов.

Тој додава дека за 24 месеци, односно онолку време колку што одбиваат да ја зголемат минималната плата, вредноста на синдикалната минимнална кошница е зголемена за повеќе од 10 илјади денари.

Синдикална минимална кошница вкупно: 82.757 100 %

„Затоа наместо да се препукуваат на грбот на работниците во парламентот, политичките партии да застанат со нив да ја изгласаат новата минимална плата која треба да изнесува 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку шест илјади денари затоа што животот во Македонија очигледно е добар само за функционерите и за газдите, додека работниците тонат во сиромаштија“, порача Трендафилов.

По последниот протест, односно блокада пред Владата, ССМ остави простор до крајот на февруари да се договори зголемувањето на минималната плата според барањата на синдикатот, а во спротивно најавија нов протест на кој што ќе учествуваат работници од целата дрќава, а не само по 21 колку што беа присутни на блокадите пред Собранието, Стопанската комора и пред Владата, плус, дополнително се најавува и генерален штрајк кој што ќе биде одржан во неработен ден

Back to top button
Close