Синдикалната кошничка порасна на 65.328 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2025 година изнесува 65.328 денари, според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во споредба со јуни 2025 година, кога изнесувала 64.698 денари, сега е зголемена за 630 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за март изнесува 80.703 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за јули 2025 изнесува 23.682 денари. Во споредба со јуни 2025 година (23.167 денари) е зголемена за 515 денари.

Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20%, додека кај храната и пијалоците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25%, се навевува во соопштението на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Back to top button
Close