Синдикатите на средба во Влада – Трендафилов: ССМ денеска ќе ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на платите?
Слободан Трендафилов од ССМ, денеска пред средбата во Владата, даде изјава во која ече дека на состанок ќе праша до каде е зголемување на платите на работниците, односно зголемување на минималната плата.
„Добивме повик од Владата дека треба да одржиме состанок во 12 часот. ССМ дојде денеска да ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на платите. Гледам дека и колеги од други синдикати ќе присуствуваат на Владата, кои избегаа од пред камери. Да и укажеме на Владата дека ако не се зголемат платите, ќе треба голем број работници да проживуваат на минималец. После средбата веројатно ќе имаме повеќе информации“, рече Трендафилов