Синдикатот на шумската полиција исклучен од КСОМ, вработените без решение – одјавата невозможна

Независниот синдикат на шумска полиција не е веќе дел од КСОМ.
Вината за тоа ја префрлуваат врз Министерството за земјоделство за кои велат дека се причината за исклучување на Синдикатот на шумска полиција од Конфедерацијата.

Тодев додаде дека на вработените им е зголемена квотата за членство во Синдикатот на шумска полиција и немаат можност да се одјават. Според него членовите на овој синдикат не се задоволни од новото раководство и се држат како заложници. И служебикот од шумска полиција Ферди Алиу изјави дека доставиле барање за одјава од синдикатот, но досега не добиле одговор.

Алиу побара од Министерството за земјоделство итно да преземат мерки за оваа прашање и Шумска полиција да се врати во КСОМ. Испративме прашање до министерот, но не добивме одговор.

Back to top button
Close