Синдикатот на УКИМ на преговори со претседателот на Собранието Џафери во Ректоратот


Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје утрово почна состанок помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од неговиот претседател, проф. д-р Ангел Ристов.

Средбата се одржува врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно решавање на колективен спор со посредство на помирувачот, адвокатката Мимоза Салтирова, согласно Законот за мирно решавање на работните спорови.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет Ангел Ристов, очекува, со оглед на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на спорот од страна на Собранието, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, да се постигне договор со кој ќе се остварат нивните повеќегодишни барања за потпишување колективен договор на ниво на работодавец – УКИМ, унапредување на правата од работен однос и покачување на платите на вработените

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close