Синдикатот за култура алармира: „Плата нема“ – Министерството ги крши законите и ги остава вработените без примања

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагира на, како што вели, системското прекршување на правото на плата за вработените во културниот сектор. Во јавно објавено соопштение, Синдикатот обвинува дека Министерството за култура и туризам упорно одбива да ги почитува одлуките на Управните одбори во две културни институции, оставајќи ги вработените без исплата за месец мај.

Според Синдикатот, Министерството дава телефонски насоки за пресметка на платите што се спротивни на Колективните договори и важечката законска регулатива, без притоа да даде каква било писмена потврда. Тие велат дека кога институциите бараат писмен документ како основа за таквите постапки, добиваат закани – дека „нема да земат плата со месеци“.

 

 

„Безобразието оди дотаму што, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни“, предупредува Синдикатот во својата реакција.

Во објавата се повикуваат и на конкретни законски одредби од Законот за извршување на буџетот, со кои, според нив се потврдува дека одговорноста за законитоста на исплатата ја сносат исклучиво Министерството за култура и директорите на институциите, а не Министерството за финансии – кое, како што наведуваат, се користи само како изговор.

„Јасно е дека Министерството за култура и туризам, односно министерот за култура и туризам, како и директорите кои постапуваат согласно неговите насоки, се единствено одговорни за кратењето на правото на плата на вработените во културата“, стои во соопштението на Синдикатот на културата.

Тие бараат итна исплата на платите согласно одлуките на Управните одбори. Доколку Министерството повторно се повика на Министерството за финансии како кочничар, Синдикатот бара јавно да се објават конкретните одредби што би го поткрепиле тоа тврдење.

Во знак на протест, Синдикатот ја прекрсти институцијата во „Министерство за (култура) и туризам – Плата нема“, алудирајќи на, како што велат, хроничната пасивност на министерот и институционалната негрижа кон културните работници.

Вие бевте министерката која нѐ направи загубари, ѝ рече Љутков на Стојчевска откако го праша за платите во културатаТони Михајловски: За пуста функција и преку трупови ќе газите, јаден министер, јадна култура – ќе играме престава заради публиката(Видео) Го исвиркаа Љутков и порачаа „ако државата не сака да нѐ чуе преку институциите, ќе нѐ гледа на улциите“ – вработените во култура лути оти пак немаат плати.

Back to top button
Close