Синдромот на само-саботажа

Ви пренесуваме дел од колумната на Лина Ќостарова Унковска за Призма:

Феноменот на само-саботажа, е одамна познат во психологијата. Одложувањето /прокрастинацијата/, злоупотребата на психотропни супстанци /алкохолот, дрогите и сл./, неурамнотежената исхрана, или самоповредувањето се само дел од ваквите однесувања.

Причините, зошто човек би се однесувал на начин кој долгорочно го оштетува неговото здравје и му го загрозува животот, се многу подлабоки од препуштањето на задоволствата, сега и овде, или од обидот да се одминат /заборават/ проблемите.

Само-саботажата често  се препознава во откажувањето во последен момент, кога најголемиот дел од работата е веќе завршен, и недостасува уште малку напор, да се прифати предизвикот и да се успее.

Силите што раководат со ваквото однесување се акумулирани дисфункционални и искривени уверувања /често со катастрофички сценарија/, со кои доминира стравот од одговорноста, за евентуалниот, можен неуспех. Стравот од личната одговорност за неуспехот,  е толку голем што превагнува одлуката за „скршнување“ од зацртаниот пат, и префрлување на одговорноста на  другиот / или на ситуацијата.

Само-саботажата се потпира на потценувачкиот однос кон сопствените способности и можности. Таа бара потиснување и смрзнување на чувствата на сочувство и емпатија, бара когнитивни ограничувања и замаглување на реалноста, и итно префрлање на одговорноста за сите лични незадоволства и промашувања на другиот, во обидот на „спас“ и какво такво самоодржување. Сето тоа, на индивидулен план има тешки, долгорочни последици по индивидуалниот развој. Кога само-саботажата се применува масовно, ризикот по целата заедница е огромен.

Целата колумна на Призма на следниот линк.

Back to top button
Close