Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) за 3 часа и 4 минути игра.

Ова е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, а Алкараз по пет победи во Грен слем финалиња го загуби првото.

Првиот сет беше со пресврт и првиот брејк го напраи Синер и поведе со 4:2 во гемови, но Алкараз „врза“ четири гема во низа и го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет веќе на стартот во првиот гем Синер направи брејк и сетот го заврши со 6:4 во гемови за 1:1 во сетови.

Во третиот сет брејк немаше до деветтиот гем кога повторно Синер успеа да го одземе гемот на сервис на Алкараз и со идентични 6:4 да го освои сетот и да поведе со 2:1. Во четвртиот сет Синер прави брејк во третиот гем и поведува со 2:1 во гемови, а Алкараз шансата да го спаси сетот ја испушти во осмиот гем кога не искористи две брејк топки, па Синер и овој сет го доби со 6:4 што значеше и конечен триумф.

Јаник Синер е првиот Италијанец што успеава да го освои Вимблдон.

Back to top button
Close