Синер го победи Алкараз во финалето на „Сикс Кингс Слем“

 – Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Шпанецот Карлос Алкараз синоќа во финалето на егзибицискиот турнир Сикс Кингс Слем во Саудиска Арабија со 6:2 и 6:4.

Мечот траеше 1 час и 13 минути.

Синер го освои турнирот по втор пат по ред. Во 2024 година, тој исто така го победи Алкараз во финалето.

Дваесет и четиригодишниот Италијанец заработи шест милиони долари за победата. 

Back to top button
Close