Можеби ќе ве интересира
Close
-
Доаѓа првиот снег во Македонија
23.12.2025 10:13
Синот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ќе се испрoба во трговијата со конфекција, според јавно достапните информации, кои покажуваат дека тинејџерот од пред точно еден месец е основач на „Демигод“, друштво за продажба на облека на мало, објави порталот Фактор.мк.
Продавницата на 18-годишниот Иво Филипче како што пишува порталот, според адресата, треба да се наоѓа на улица Њуделхиска во скопската населба „Млечен ресторан“.
Синот на претседателот на опозициската партија, пратеник и поранешен министер за здравство минатата година стана полнолетен, а оваа во јуни прослави матура.
