Синот на Ибрахимовиќ потпиша за Милан

Синот на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, 17-годишниот Винсент Ибрахимовиќ, потпиша професионален договор со Милан, објави вечерва италијанскиот клуб.
„Винсент Златан Сегер Ибрахимовиќ го потпиша својот прв професионален договор со Милан. Играчот од средниот ред, роден во 2008 година, ќе биде вклучен во проектот „Милан Футуро“, иницијатива посветена на раст и развој на млади таленти“, се наведува во клупското соопштение.
Златан Ибрахимовиќ одигра 163 натпревари за италијанскиот гигант во текот на два мандати во Милан, од 2010 до 2012 година и од 2020 до 2023 година, постигнувајќи 93 голови.
Од декември 2023 година, Ибрахимовиќ е советник на американските сопственици на Милан, компанијата „RedBird Capital“.
Покрај Винсент, член на Милан е и најстариот син на Златан, 19-годишниот Максимилијан.






