Синот на Муск залепи мрсул на бирото на Трамп, тој веднаш го смени!
По инцидентот со четиригодишниот син на Илон Маск, кој беше снимен како го чепка носот во Овалната соба, претседателот Доналд Трамп привремено го замени своето биро.
„Претседателот може да избира од седум бироа. Ова биро, наречено ‘Си енд О’, кое е добро познато и го користеше претседателот Џорџ Буш, привремено е поставено во Белата куќа, додека главната маса се реновира – многу важен процес. Ова е убава, но само привремена замена“, напиша Трамп на Truth Social, објаснувајќи дека привремено користи друго биро додека главното се реновира.
Трамп, не го коментираше настанот, но го пофали момчето, нарекувајќи го „многу интелигентен млад човек“.
Настанот се случи неколку дена пред да биде објавено дека Маск има уште едно дете, негово 13-то, но тој сè уште не ја коментирал веста. (4news)