Синот на норвешката принцеза е уапсен под сомнеж за  силување “лице кое е во несвест или не може да даде отпор”   

Норвешката полиција објави дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен под сомнение за силување.

Според полицијата Мариус Борг Хојбибил уапсен во понеделникот вечерта.

Тој е осомничен дека го прекршил кривичниот закон кој се однесува на „обљуба со лице кое е во несвест или од други причини и не може да даде отпор“, се наведува во соопштението.

„Станува збор за сексуален чин без сексуален однос. Жртвата, како што се тврди, не можела да се спротивстави“, додаваат од полицијата, пишува Дејли мејл.

Мариус Борг Хојбибиле  роден од врската пред Мете-Марит да се омажи за престолонаследникот Хакон во 2001 година

Back to top button
Close