Синот на пратеничката од „Вреди“ Коџаџику се вработил во М-НАВ, ДУИ реагира зошто не се примени повеќе Албанци


Премтим Коџаџику, синот на пратеничката на владејачката ДУИ, Мерита Коџаџику, ја добил работата „независен советник во кабинетот на директорот за финансии, правни работи и развој“ во М-НАВ, контролата на летање, објави денеска ДУИ.

Од опозициската партија, во соопштение лиферувано само на албански јазик и испратено само до медиумите на албански јазик, реагираат зошто на двата огласа се примени 14 етнички Македонци и двајца Албанци.

Изборот на кандидати беше направен вчера, во процедура што Синдикатот на М-НАВ ја нарече незаконска и спротивна на колективниот договор. Официјалните одлуки за работните места ќе бидат распределени откако ќе завршат изборите.

Според Синдикатот, челниците на Македонска навигација во два наврата не ѝ дозволиле на контролорка, синдикална претставничка, да присуствува на интервјуата за работа на новите вработени. Од Синдикатот велат дека се работи за исмислени работни места кои се делат по партиска линија.

„Директорите ѝ рекоа на претставничката на синдикатот дека, ако сака, може само да погледне и да потврди дека кандидатите влегле на интервју, додека директорите, преку ова, добиле ексклузивна можност да избираат нови вработени. Ние не сме шпиони за да гледаме низ клучалката, туку да потврдиме дека се избрани најдобрите кандидати. Ова е во согласност со Колективниот договор“, изјави вчера Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контрола на летање.

Контролорка од синдикатот во М-НАВ морала преку врата да наслушува додека директорите бирале нови вработени.

Back to top button
Close