Синовак го зголеми годишниот производствен капацитет на две милијарди вакцини

Кинеската компанија „Синовак“, со отворањето на третата фабрика во Пекинг, го удвои својот годишен капацитет за производство.
„Синовак“ соопшти дека го зголеми производствениот капацитет на вакцината против коронавирус на две милијарди дози годишно, пренесува Анадолија.
Во соопштението се вели дека компанијата завршила со изградбата и пуштила во употреба трета фабрика за сериско производство на состојки за антиковид вакцини.