Сириската влада најави комитет за истрага за нападите на цивили

Сириското претседателство најави формирање нов комитет кој ќе ги испита и идентификува сторителите зад нападите врз цивили кои се случија во изминатите неколку дена.

Комитетот ќе се состои од седум члена и ќе биде независен, пишува Претседателството во објава на Телеграм.

Соопштението доаѓа по повиците за мир по неколкудневните насилни судири, меѓу сириските безбедносни сили и цивилите од верското малцинство алавити.

Комитетот „ќе ги испита прекршувањата врз цивилите и ќе ги идентификува одговорните за нив“, се вели во соопштението. (Рацин)

Back to top button
Close