Сириски бегалци се враќаат од Турција по падот на Асад

Сириските граѓани кои побегнале во Турција за време на граѓанската војна почнаа да се враќаат во својата татковина по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолија.

На граничниот премин Џилвегозу во провинцијата Хатај денеска се создадоа големи гужви. Сириските граѓани чекаат на царински проверки.

Повеќе жители се упатија кон своите родни градови како Дамаск и Хама, изразувајќи радост што конечно се враќаат по повеќе од една деценија.

Back to top button
Close