Сириски власти: Израелските напади врз Дамаск убија едно лице, повредени 28

Израелските напади врз Дамаск, чија цел денеска беше седиштето на сириската армија, убија едно лице, а повредија 28, соопшти сириското Министерство за здравство.

Локални жители јавија дека израелските сили извршија воздушен напад во близина на претседателската палата во сирискиот главен град Дамаск. Тие рекле дека слушнале експлозија во областа, а потоа виделе чад како се издига од областа. Во тешките напади претходно денеска беше уништено крило од четирикатна зграда веднаш до Министерството за одбрана.

Познатиот плоштад Умајад, кој гледа кон комплексот, обично преполн, беше празен. Имаше само воени и возила за итни случаи.

Израелската армија соопшти дека погодила „воена цел“ во областа на сириската претседателска палата во Дамаск, откако претходно соопшти дека го погодила седиштето на армијата во сирискиот главен град.

-Израелската армија продолжува да напаѓа воени цели што му припаѓаат на сирискиот режим во Дамаск, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека е погодена воена цел во областа на претседателската палата на сирискиот режим во Дамаск.

Back to top button
Close