Сирискиот претседател утре ќе се сретне со Путин во Москва

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара утре ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин, што ќе биде втора средба меѓу двајцата лидери по соборувањето на сојузникот на Кремљ, Башар ал-Асад, во 2024 година.
„Планирани се разговори за состојбата на билатералните односи и перспективите за нивниот развој во различни области, како и за ситуацијата на Блискиот Исток“, соопшти руското претседателство.
Средбата ќе се одржи во време кога Москва се обидува да ги задржи своите воени бази во Сирија, а сирискиот претседател се надева дека ќе обезбеди екстрадиција на Башар ал-Асад, кој живее во егзил во Русија откако беше соборен.
Москва беше стратешки сојузник на поранешниот сириски претседател и воено интервенираше во Сирија во 2015 година во поддршка на владините сили против бунтовниците и џихадистите, меѓу кои беше и ал-Шара.
Соборувањето на Башар Асад му нанесе удар на руското влијание на Блискиот Исток, иако новата сириска влада досега одржува добри односи со Москва






