СИРИЗА го осуди „варварскиот упад на маскираните Златнозорци“ на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Партискиот огранок на СИРИЗА од Солун излезе со осуда на „варварскиот упад на маскираните Златнозорци“ во општинската галерија во Солун на изложбата на македонскиот сликар Сергеј Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, велат дека очекуваат од Владата и партијата Нова демократија „да заземе став и практично да ги осуди вистинските непријатели на демократијата“.

Back to top button
Close