Системот им дозволува да напаѓаат,да убиваат и пак да шетаат слободно. Арсовска на судење со вториот напаѓач од инцидентот во Чаир

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска објави дека се наоѓа на судско рочиште со вториот напаѓач од инцидентот што се случи на 11 јули 2025 година во Општина Чаир.

„Денес сум на суд со вториот насилник кој на 11.07.2025 година ме нападна вербално, а при обидот за физички напад беше спречен и задржан од полицијата“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

Таа изнесе сериозни обвинувања на сметка на лицето со кое денеска се соочува на суд, тврдејќи дека тоа има долго криминално досие.

„Насилникот има долга листа на сторени сериозни кривични дела и одлежано повеќе години ефективна казна затвор за истите. Системот им дозволува да напаѓаат, да вршат насилство и да убиваат, затоа шетаат слободно“, се вели во нејзината објава.

Арсовска потсети дека инцидентот се случил на 11 јули, кога таа била на увид на терен на локација каде се гради дивоградба, спроти полициската станица во Чаир.

Back to top button
Close