Сит сум од сите, од Европа и светот, кој каде сака да удира шлаканици, вели Вучиќ

Србија има обврска да се приклучи на европската надворешна политика непосредно пред членството во ЕУ, а никој уште не не информирал дека сме блиску до членство, ниту гледам дека планираат да не информираат. И сит сум од сите од Европа и светот, кој каде сака да му удира шлаканици. Ќе ја водам Србија согласно нејзините интереси.

Ова го изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ по средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор, одговарајќи на прашањето на словенечката телевизија дали Србија ќе воведе санкции кон Русија. Претседателот Вучиќ побара од сите да се стават на позицијата на Србија и тоа го илустрираше со пример.

„Како да им објаснам на граѓаните дека воведуваме санкции против Русија, која не го наруши нашиот територијален интегритет, а не и против Словенија, која го стори тоа“ – праша Вучиќ и додаде дека ја навел Словенија само како пример, но дека може каже го истото и за другите, како што се САД, Германија, Франција…

Back to top button
Close