Сите 44 Авганистанци негативни на Ковид-19

Сите 44 Авганистанци кои денеска пристигнаа на скопскиот аеродром се негативни на вирусот Ковид-19, објави Сител повикувајќи се на владини извори.

Тестирањето на бегалците од Авганистан е стандардна процедура низ која помина и првата група која пристигна во Македонија. Освен тоа, бегалците добиваат и медицинска поддршка, можност за вакцинација, но се прави и безбедносна проверка и заштита.

Бегалците кои попладнево пристигнаа во Скопје активисти од организацијата Туркиз моунтејн (Turquoise Mountain) како и членови на нивните семејства.

Back to top button
Close