Сите биле супер само Данела и Стевчо го изневериле: Мицкоски жали што ги направил градоначалници
Настанот на кој се обраќаше Мицкоски е т.н. саем на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, под називот „Четири години работа за тебе“. Тој ги пофали остојните градоначалници за сработеното, истакнувајќи дека немаат ниту една афера зад себе. Се осврна на проектите од парите кои Владата ги издвои за општините и најави понатамошна соработка со локалната власт.

Не ги изостави критиките кон градоначалници кои, како што рече, не биле дел од коалицијата и не ја оправдале довербата, а тој лично се заложил за нив.
„Лекцијата е научена. Жалам што за нив го вложив мојот личен кредибилитет, и колективно придонесовме тие да станат градоначалници. Не само што не ја оправдаа довербата која им ја дадовме, туку ги изневерија и нашите вредности кои сите останати градоначалници ги бранеа со работа и со дела претходните 4 години. Едната личност уште еден месец и половина е на чело на градот Скопје, другата на една скопска општина. Но секое искуство е драгоцено за да не се повтори грешката. И тоа нема да се повтори. Најважно е што сега одиме со сигурни кандидати и со сигурниу луѓе кои непогрешливо ќе придонесат за развојот на локалните самоуправи,“
Со градоначалничката Данела Арсовска која беше кандидат на ВМРО ДПМНЕ за Скопје калимерата ја расипаа уште во првата година од мандатот. Куршлусот настана околу кредитот за пречистителната станица односно парите за тој проект. Арсовска го разреши од директор тогашниот директор на Водовод Златко Перински човек од голема доверба на Мицковски обвинувајки дека се прават манипулации со парите од кредитот од ЕБОР за пречистителната станица и дека како што изјавува и сега „ги фатила со рачињата во медот“.
Од тогаш се води вистинска војна на релација Арсовска со ВМРО ДПМНЕ а преку претседателот на советот на град Скопје Трајко Славевски и мнозинството советници кое е од ВМРО ДПМНЕ ја блокираа целосно работата на градот и на јавните претпријатија преку управните одбори во кои претежно членови се од ВМРО ДПМНЕ. Арсовска јавно тврди дека Мицковски ја води хајката против неа и го блокира градот за да ја прикаже неспособна а ВМРО ДПМНЕ и возвраќа дека со нејзината неспособност го уништила гадот,јавниот превоз икомуналните претпријатија и дека Скопје никогаш не било во поочајна состојба.
Стевчо Јакимовски кој претходно бил повеќе мандати градоначалник на Карпош последниов мандат го доби како кандидат на коалицијата на неговата партија Гром со ВМРО ДПМНЕ. И Јакимовски јавно објавуваше дека Мицковски не го исполнил договорот што го направиле Гром и ВМРО ДПМНЕ околу кадровски решенија,дека му поставува сопки,го избегнува и го озборува. Јакимовски лут за ваквиот однос на Мицковски јавно стана жесток критичар на Мицковски особено како премиер и се жалеше дека министрите на ВМРО ДПМНЕ особено министерот за транспорт Николовски и министерот за спорт Ристевски работат по налог на премиерот и им нанесуваат штета на жителите на општина Карпош на која е градоначалник.