Сите други банки во земјава имаат многу повисоко ниво на адекватност на капиталот од законски пропишаното

Дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје беше одземена, по претходно исполнување на услови за отворање на стечајна постапка поради тоа што банката повеќе не била солвентна, односно стапката на адекватност на капиталот била пониска од една четвртина (1/4) од пропишаната во Законот за банки, пишува порталот Банкарство.

Преку проценката на адекватноста на капиталот, регулаторот ја проценува солвентноста на банката односно нејзината способност да ги исплати доспеаните обврски.

Според Член 65 од Законот за банки, секоја банка е должна да одржува стапка на адекватноста на капиталот која не може да биде пониска од 8%.

Сопствените средства на Банката се дефинирани согласно со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологија за утврдување на адекватноста на капиталот („Службен весник на Република Македонија“ бр, 218/16) која стапи во сила од 1.3.2017 година, кои се состојат од:

• редовниот основен капитал не смее да биде понизок од 4.5% од активата пондерирана според ризиците (стапка на редовен основен капитал),

• основниот капитал не смее да биде понизок од 6% од активата пондерирана според ризиците (стапка на основен капитал) и

• стапката на адекватност на капиталот не смее да биде пониска од 8% од активата пондерирана според ризиците.

Гувернерот може да пропише повисоки стапки од пропишаните за една или повеќе банки во земјата, доколку е тоа потребно поради природата, видот и обемот на активностите што ги врши банката и ризиците на кои е изложена како резултат на тие активности, вклучувајќи ги и ризиците кои произлегуваат од макроекономското опкружување.

Колкаво е нивото на адекватност на капиталот кај македонските банки?

Капитал банка АД Скопје (23,17%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Стопанска банка а.д. Битола (18,90%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Комерцијална банка АД Скопје (17,62%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

Халкбанк АД Скопје (17,45%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

ТТК Банка АД Скопје (16,93%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Силк Роуд Банка АД Скопје (16,83%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

НЛБ Банка АД Скопје (16,7%), финансиски извештај од 31.12.2018 година.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (16,5%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Стопанска банка АД – Скопје (16,3%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Охридска банка АД Скопје (16,12%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

Централна кооперативна банка АД Скопје (16,03%), финансиски извештај од 31.12.2018 година.

УНИБанка АД Скопје (14,46%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

ПроКредит Банка АД Скопје (13,74%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

Еуростандард банка АД Скопје (5,55%), финансиски извештај од 30.06.2020 година. Реално ниво на стапка на адекватност на капиталот по спроведена вонтеренска супервизија од страна на Народната банка (-4,14%).

Повеќе тука.

Back to top button
Close