Сите функционери да ги објават анкетните листови и кој поседува двојно државјанство, вели Костовски

Како пратеник од редовите на СДСМ јавно предлагам сите политичари, пратеници, функционери и креатори на јавното мислење да се проверат и објават јавно кој има двојно, кој само македонско државјанство , предлага во објава на својот Фејсбук профил пратеникот од СДСМ Мартин Костовски.

-Јавно да ги објавиме сите политичари своите анкетни листови и народот да види кој што поседува Посебно тие со бугарски пасоши.Да знаат граѓаните со кого си имаат работа, кој им продава патриотизам,а има резервна држава.Доста лажни патриоти продаваат патриотизам и сеат магла-ЈАВНО ДА ВИДИМЕ КОЈ Е ЧЕСЕН А КОЈ НЕ, пишува Костовски.

Back to top button
Close