Сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со судски пресуди, вели Кузеска од СДСМ

Во вечерашното гостување на ТВ Канал 5, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го повика нејзиниот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, по пресудите за случајот „Титаник“ да побара одговорност од раководството на партијата и лидерот Христијан Мицкоски.

„Сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со судски пресуди. По признанијата на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе го повикате Христијан Мицкоски и раководството на партијата?“ го запраша Кузеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кузеска го упати Арсовски на темата криминал да истражи во „белиот дворец“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почнете да истражувате од „белата палата“ за криминал. Секој ден сте внатре, го гледате тој луксуз, тоа се пари украдени од граѓаните. Потоа можете да зборувате за оваа тема“ рече Кузеска.

Back to top button
Close