Сите луѓе на Путин: Кому најмногу му верува рускиот претседател ?

 

Рускиот претседател Владимир Путин околу себе собра круг на блиски и лојални луѓе, но дали тие влијаеле на неговата одлука да започне специјална операција во Украина ?

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин ја испрати руската армија во специјална операција во Украина, која се заканува да ја уништи економијата на неговата земја.

За време на двете неодамнешни појавувања јавноста Путин излгедаше дека е целосно изолиран. Иако беше забележан во најблискиот круг на соработници седеше на растојание од нив

Како врховен командант, крајната одговорност за специјалната операција на руската армија е кај него, но тој отсекогаш се потпирал на длабоко лојална придружба, од која многумина ја започнале својата кариера во руските безбедносни служби.

Прашањето е кој од овие личности ужива најголема доверба кај Путин во можеби најкобниот момент од неговото претседателствување.

Сергеј Шојгу / Фото: ЕПА

Сергеј Шојгу, министер за одбрана

Ако некој во рускиот државен врв ужива доверба кај Путин тоа е е неговиот долгогодишен пријател и министер за идбрана Сергеј Шојгу, кој ја повтори оценката на Путин за демилитаризација на Украина и заштита на Русија од таканаречената воена закана од Западот.

Шојгу во минатото се сметаше како потенцијален наследник на Путин
Меѓутоа, на една неодамнешна фотографија се гледа како седи на крајот од голема маса, подалеку од шефот на вооружените сили, а прашање е колку тој овде би можел да го привлече вниманието на Путин.

Фотографијата е направена третиот ден по почетокот на специјалната операција.

Путин на средба со Шојгу EPA-EFE/ALEKSEY NIKOLSKYI/

Шојгу ј беше заслужен за воената окупација на Крим во 2014 година. Тој исто така беше одговорен за акцијата на воената разузнавачка агенција ГРУ, обвинета за две труења со нервен агенс – смртоносен напад во Солсбери во Британија во 2018 година и речиси фатален напад врз опозицискиот лидер Алексеј Навални во Сибир во 2020 година.
Рускиот експерт за безбедност и писател Андреј Солдатов смета дека министерот за одбрана е сепак највлијателниот глас што го слуша претседателот.

– Шојгу не е одговорен само за армијата, тој е делумно одговорен и за идеологијата, а во Русија идеологијата главно се занимава со историјата и тој го контролира наративот – рече Солдатов.

 

Валериј Герасимов/ ФотоEPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Валери Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили

Како началник на Генералштабот, неговата работа беше да ја нападне Украина и брзо да ја заврши работата, а со оглед на тоа дека операцијата трае веќе осум дена, тој изгледа не ја исполнил својата задача.

Тој одигра голема улога во воената кампања на Владимир Путин откако командуваше со армијата во чеченската војна во 1999 година и беше на чело на военото планирање за Украина, надгледувајќи ги воените вежби во Белорусија минатиот месец.

Опишан од рускиот специјалист Марк Галеоти како ненасмеан, Герасимов одигра клучна улога во воената кампања за анексија на Крим.

Некои извештаи сугерираат дека тој сега е настрана поради застојот во специјалната операција во Украина и наводниот низок морал меѓу руските трупи.

– Путин не може секој пат да го контролира секој баталјон и тоа е неговата улога – рече Солдатов.

Николај Патрушев / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Николај Патрушев, секретар за национална безбедност

Николај Патрушев смета дека Западот со години се обидува да ја заземе Русија –смета Бен Нобл, професор по руската политика на универзитетот во Лондон.

Тој е еден од тројцата лојални луѓе на Путин кои служат со него од 1970-тите во Санкт Петербург, кога вториот по големина град во Русија беше познат како Ленинград.

Другите двајца верни пријатели на Путин , шефот на службата за безбедност Александар Бортников и шефот на надворешната разузнавачка служба Сергеј Нарушкин. Целиот близок круг на претседателот е познат како безбедносни сили, но тројцата се меѓусебе уште поблиски.

Малкумина имаат толку големо влијание врз претседателот како Николај Патрушев. Не само што работеше со него во старата КГБ за време на комунистичката ера, туку го замени како шеф на организацијата што ја наследи КГБ, ФСБ, од 1999 до 2008 година.

На состанокот на рускиот Совет за безбедност три дена пред почетокот на специјалната операција во Украина, Петрушев изјави дека „конкретната цел“ на САД е да ја разбијат Русија.

Оваа седница беше малку необична. Додека Путин седеше на масата, еден по еден член од неговиот безбедносен тим излезе на говорницата и го кажа своето мислење за признавањето на независноста на Доњецк и Луганск.

 

Александар Бортников/ Фото EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN

, шеф на Службата за безбедност (ФСБ)

Набљудувачите на Кремљ велат дека претседателот повеќе од кој било друг извор им верува на информациите што ги добива од безбедносните служби, а Александар Бортников се смета за дел од најтесниот круг на Путин.

Уште еден стар кадар од Ленинградската КГБ, го презеде раководството на ФСБ наследувајќи го Николај Патрушев беше назначен на друга позиција односно на позицијата секретар за национална безбедност.

Познато е дека и двајцата се блиски со Путин, но според добрите познавачи на состојбите „не можесо сигурност да се каже кој е главен и кој ги носи одлуките“.

– Тој е важен, но не е таму за да го предизвикува Путин или да дава совети како другите – сметаат добрите познавачи на Кремљ

 

 

Сергеј Нарушкин/ Фото EPA/MAXIM SHIPENKOV

Сергеј Нарушкин, директор на Службата за надворешно разузнавање (СВР)

Сергеј Нарушкин е третиот човек од Ленинградската КГБ и беше со Путин во поголемиот дел од неговата кариера.
Шефот на разузнавачката служба на барање да ја процени ситуацијата се вознемирил и ги помешал настаните и темите , на што претседателот Путин го укорил и му кажал : „Не зборуваме за тоа“.

што ја потврдува забелешкаата на критичарите на власта дека Путин сака да си игра игри со својот внатрешен круг, правејќи го Нарушкин да изгледа како будала .

Нарушкин долго време беше во сенка на Путин, во 1990-тите во Санкт Петербург, во 2004 година беше дел од кабинетот на Путин и на крајот стана претседател на парламентот.

Сепак, тој го води и Руското историско друштво и, , се покажал многу важен во обезбедувањето идеолошка основа за претседателот за неговите постапки.

Сергеј Лавров/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи

Тој е врвен руски дипломат 18 години, претставувајќи го случајот на Русија пред светот, дури и ако се смета дека тој не игра голема улога во одлучувањето.

Сергеј Лавров (71) е уште еден доказ дека Владимир Путин многу се потпира на луѓето од своето минато.

Лавров-Путин/ Фото EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Долго време беше ставен на страна по прашањето за се што се однесува на Украина и се залагаше за понатамошни дипломатски разговори за Украина, а рускиот претседател одлучи да го игнорира тоа.

Додека пред неколку дена преку видео врска се обидуваше да ја оправда руската акција во Украина, голем број дипломати во Советот за човекови права на ОН одбија да го сослушаат и ја напуштија седницата.

Путин и Матвијенко/ Фото EPA/SERGEI ILNITSKY

Валентина Матвијенко, претседател на Советот на федерацијата

Ретка жена во кругот на Путин, таа го надгледуваше гласањето на Горниот дом за одбележување на распоредувањето на руските сили во странство, отворајќи го патот за специјалната операција.

Валентина Матвиенко е уште една лојална личност на Путин од Санкт Петербург, која помогна да се изгласа и да биде интегриран Крим во 2014 година.

Виктор Золотов/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Виктор Золотов, командант на Националната гарда

Поранешен телохранител на претседателот, Золотов сега раководи со руската национална гарда Росгардија, која Путин ја формираше пред шест години како еден вид на негова лична армија.

Откако го избрал својот личен телохранител да го води, тој се уверил во неговата лојалност, а Виктор Золотов го зголемил бројот на чувари на 400.000 регистрирани.

Првичниот план на Русија беше специјалната операција да биде завршена во рок од неколку дена, а кога армијата се чинеше дека не успеа, Руската национална гарда го презеде водството.

Проблемот е што лидерот на Националната гарда нема воена обука, а бидејќи неговата армија нема тенкови, тоа ги прави ранливи.

Сепак, се верува дека не е од оние кои ги  донесуваат  одлуките .

Путин/ фото: Принтскрин Јутјуб

Кој друг го слуша Путин?

 

Премиерот Михаил Мишустин има незавидна задача да ја спаси економијата, но за војната нема многу зборови.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и шефот на државниот нафтен гигант Роснефт, Игор Сечин се исто така блиски до претседателот, според политичкиот аналитичар Евгениј Минченко.

Браќата милијардери Борис и Аркадиј Ротенберг, кои се пријатели од детството на претседателот, исто така се долго време блиски луѓе од доверба.Во 2020 година списанието Форбс ги прогласи за најбогато семејство во Русија.

Back to top button
Close