Сите патишта не одат кон Мала Речица

Функционери на ДУИ по изборите посочуваа на „математиката“ која сугерира дека сите патишта до новата влада водат преку Мала Речица. Но, „знаците покрај патот“ во моментов не укажуваат дека има голема фреквенција на патниот правец што води кон седиштето на ДУИ. СДСМ, од каде предизборно разменија остри вербални стрели со партијата предводена од Ахмети, во вој период се повоздражани во изјавите, а во вчерашното соопштение партијата објави дека „следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните“.

epa08493827 Women walk in front of a huge electoral billboard of the biggest Albanian political party DUI where photographs of Zoran Zaev (L), leader of the ruling SDSM, and Hirstijan Mickovski (R), leader of opposition VMRO DPMNE, and the empty slot between them is call for the citizens to vote for ethnic Albanian prime minister for the first time in Macedonian history in Skopje, North Macedonia, 18 June 2020. After long negotiations the leader of the ruling party SDMS Zoran Zaev and Hristijan Mickovski the leader of the opposing VRMO-DMPNE have finally agreed on 15 July for the parliamentary elections. The date has been delayed several times due to the COVID-19 crisis, but the elections will be held even though North Macedonia is currently getting record numbers of newly infected COVID-19 patients. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност. Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот. Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните”, се вели соопштението.

Истото остава голем простор за толкувања, имајќи предвид дека пред изборите во контекст на „режимот“ не беше спомнувана само ВМРО-ДПМНЕ, туку и ДУИ, со порака дека е време интегративците по 18 години на власт да заминат во опозиција.

Никако со ДУИ

Оние кои јасно кажуваат дека не размислуваат за соработка со ДУИ се од Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Извори од оваа Коалиција за ДВ објаснуваат дека за нив е прифатливо мнозинство со СДСМ и ДПА, но не и со ДУИ. А со оглед дека оваа групација би имала 59 пратеника, сметаат дека за мнозинството од 61 глас поддршка би можеле да дадат и други пратеници кои ги поддржуваат интреграциските цели на земјата. Во овој контекст ги посочуваат најавите од СДСМ дека „сите пратеници ќе имаат можност да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и од меѓународната заедница“. Тоа навестува дека и пратеници од други партии би можеле да се приклучат на победничката коалиција СДСМ-Беса и нивните потенцијални партнери, со цел да се поддржи европската перспектива на земјата.

Втората прифатлива опција за Алијанса и Алтернатива е мнозинство со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, повторно без ДУИ, но засега нема назнаки дали тоа би било прифатливо и за двете најголеми македонски партии. За коалицијата АА е прифатлива соработка со ВМРО-ДПМНЕ, но не и со Левица.

Две барања од маршот за демократија

Решавањето на ребусот не е едноставно, ако се имаат предвид бројките. ДУИ освои 15 пратенички мандати, Алијансата на Албанците и Алтернатива 12, ДПА еден, Левица два. ДУИ веќе најави дека не сака да биде во влада со Левица, од Алијанса/Алтернатива повторуваат дека не сакаат влада со ДУИ.

„Сѐ е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ. Тоа е најтешко и не верувам дека ќе биде. Меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата“, изјави за ТВ „21“ Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на синоќешниот протест за демократија. Лидерите на Алијанса и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, во обраќањето пред Канцеларијата на ЕУ во Скопје упатија барања до земјите-членки на Унијата да не се признава легитимитетот на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процес на реформа на Изборниот законик.

„ДУИ не е победник на овие избори, туку е крадец на албанската политичка волја. Може да ја има легалноста според ДИК, но никогаш нема да има легитимност за застапување на албанскиот народ во Северна Македонија. Ако сме земја која има за цел европска интеграција, слободата и демократијата треба да бидат клучен збор за оваа интеграција. Бараме од земјите на ЕУ да се ​​осуди злоупотребата на правото на глас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Северна Македонија, како и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик за идните избори да станат пример дека нашата земја ги исполнува европските стандарди за фер и демократски изборен процес“, порача Коалицијата од маршот за демократија.

Љупчо Николовски: Не е време за поделби

Дали ќе одлучуваат бројките или принципите? Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во колумна за „Капитал” изборот на коалициски партнери го опиша како согласност за прифаќање на клучните принципи.

„Знам дека сите сакаат да знаат со кого ќе го правиме тоа? Партнери во оваа мисија ќе ни бидат оние кои ќе ги почитуваат принципите кои ги опишувам во целиот овој текст“, пишува Николовски.

Во колумната тој говори за три клучни точки на евроатлантската перспектива.

„За таа перспектива најважни ќе се три клучни точки. Мораме да зајакнеме економски и да се обидеме што повеќе подготвени да го дочекаме евентуалниот удар од можно влошување на светската економија поради можен повторен удар од Ковид-19. Поврзано со тоа е и втората точка, а тоа е самиот здравствен и безбедносен одговор на опасноста од коронавирусот во иднина, но и сега. Мораме да одговориме жестоко и одлучно, мораме да се заштитиме! А третата точка, исклучително важна, е конечно силно и обединето да ги направиме судските реформи и чистењето на извалканиот правосуден систем (…) Како победници, секако дека ние ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и за тоа има повеќе исклучително реални исходи. Изборот ќе биде оној кој ќе нè одведе најбрзо и најефикасно до прогрес во преговорите со ЕУ, реформирано судство, зајакната економија, добрососедство и мир, деполитизација на општеството и цврст одговор на предизвиците од Ковид-19. Време е да имаме политика во која владата и опозицијата работат заедно за консензуалното добро, во која опозициските предлози што вредат се прифаќаат без збор, во која има вистинско обединување на националните интереси од сите сериозни партии! Не е време за поделби“, напиша Николовски.

извор: ДВ

Back to top button
Close