Сити го позајми Ечевери на Баер Леверкузен

Англискиот прволигаш Манчестер Сити го позајми Клаудио Ечевери на Баер Леверкузен, јавија денеска германските медиуми.

Договорот на Аргентинецот е за една сезона и не вклучува откупна клаузула.

Деветнаесетгодишниот играч од средниот ред до крајот на оваа недела треба да ги мине задолжителните медицински прегледи пред да му се приклучи на бундеслигашот.

Ечевери дојде во Манчестер Сити од редовите на Ривер Плата во февруари оваа година.

Оваа сезона, Леверкузен од клупата ќе го преводи холандскиот стратег Ерик тен Хаг откако Чаби Алонсо го презеде Реал Мадрид.

Back to top button
Close