СИТИ Колеџ прераснува во регионален центар со извонредни академски перформанси

При неодамнешното формирање на Европски Кампус во Солун, заедно со еден од водечките универзитети во Велика Британија и светот, Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, влегува во нова ера на извонредност и раст. Со 30-годишно наследство во овозможувањето Британско високо образование во регионот и соработката со Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ сега продолжува како Европски кампус на Универзитетот Јорк што претставува и континуирано подобрување на академската понуда. Новата соработка, исто така, придонесува за зголемување на капацитетите на СИТИ Колеџ како веќе реномирана академска институција со докажано влијание врз општествените процеси во регионот. 

Британското образование е познато по својата извонредност и доктрина базирана врз истражувачки методи. А Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Расел група, со признание TEF Gold за извонредна настава и признаен низ целиот свет по истражувачката работа што ја врши. 

Како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, Европскиот кампус СИТИ Колеџ е центар за поврзување на академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи од Универзитетот низ целиот регион. Со ваквиот спој на традиција, знаење и стратешка географска позиционираност, СИТИ Колеџ нуди бројни придобивки на академската јавност во регионот, но пред сè се отвораат нови можности за студентите и за развој на општеството. Се создаваат бројни можности за студентска мобилност и интернационализација, програми за стипендирање, а во исто време студентите ќе може да стекнат портфолио на знаења и вештини што ќе ги отворат нивните хоризонти и ќе имаат влијание со што ќе го променат нивниот животот во иднина. Универзитетот Јорк и СИТИ Колеџ заедно претендираат целосно да го трансформираат студентското искуство и да го збогатат секој аспект од академскиот живот. Дополнително значење се добива со фактот дека сите овие можности се нудат пост-Брегзит во регион каде што потребата за врвно британско образование е навистина добредојдена.

Со текот на годините илјадници дипломирани студенти на СИТИ Колеџ од регионот уживаат во нивниот избор за врвно британско образование близу до својот дом, а потоа и успешно  градат професионална кариера.

Квалитетот во универзитетското образование, поддршката на истражувањето како основен принцип во образовниот процес и примената на граѓанскиот ангажман во образовните и студентските активности, отсекогаш биле приоритетите во дејствувањето на СИТИ Колеџ. Сега, сето ова се отелотворува во Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, така што кредибилитетот на СИТИ Колеџ е сега засилен и со повеќе можности и со поголем ефект.

Новоформираниот Европски кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ, веќе од јануари започна со запишување на студентите за додипломски и постдипломски програми,  а студиите започнуваат од октомври 2021 година. Повеќе информации се достапни на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close